Пчеларите да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите – Во понеделник трета фаза од прскање против комарци во Скопје

Вести

На 14 јуни 2021 година ќе се реализира третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, соопштија од Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се спроведе во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција во текот на денот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

– Пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, апелираа од Град Скопје.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *