Почнува реализацијата на најголемата инвестиција во преносната електроенергетска мрежа во вредност од 50 милиони евра

Вести

г

-Најголема инвестиција во македонската преносна електроенетргетска мрежа, вредна 50 милиони евра, која е од огромно регионално значење – вака премиерот Зоран Заев ја најави изградбата на трансформаторска станица Охрид која со влез и излез ќе биде поврзана на новиот 400 киловолтен интерконективен далекувод Битола, Северна Македонија и Елбасан, Албанија.

Проектот се очекува да биде завршен во 2023 година, а опфаќа изградба на 400-киловолтниот далновод Битола (Северна Македонија) – Елбасан (Албанија) во должина од 97,4 километри, изградба на 400/110 киловолтна трансформаторска станица и изградба на 400-киловолтно далекуводно поле во трансформаторсата станица Битола 2.

Премиерот Зоран Заев во своето воведно обраќање на настанот во организација на МЕПСО, истакна дека со оваа инвестиција, во полна функција ќе биде ставен електроенергетскиот коридор исток-запад што значи транзит на струја од Бугарија, преку Северна Македонија и Албанија до Италија.

„Инвестицијата за овој капитален проект е од огромно регионално значење и изнесува 50 милиони евра. Станува збор за најголемата инвестиција во преносната електроенергетска мрежа во земјава, која согласно предвидената динамика на работа се очекува да биде завршена во 2023 година. Изградбата на 400 киловолтниот интерконективен далекувод Битола – Елбасан, значи и комплетирање на енергетскиот Коридорот 8, кој е составен сегмент од еден многу поголем и исклучително значаен проект што вклучува експлоатација на енергетските ресурси од кавкаскиот регион и од Централна Азија кон земјите од Западен Балкан и Италија. Република Северна Македонија има пет интерконекции на 400 киловолтно напонско ниво. Две врски со Грција и по една со Србија, Косово и Бугарија. Со поврзувањето на електропреносните системи на Северна Македонија и Албанија, го заокружуваме процесот на поврзување на нашата земја со електропреносните системи на сите соседни земји. Нашата држава има клучна улога во регионалното енергетско поврзување и оттука оваа инвестиција е од огромно значење како за нас така и за целиот регион“, рече Заев и додаде дека со оваа капитална инвестиција испраќаме порака до сите сегашни и идни домашни и странски инвеститори дека се создадени услови за сигурен и доверлив пренос на електрична енергија“, нагласи Заев.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *