Подготовка за сеење на пченката

Вести Огласи Полјоделство

Основнaта обработка на почвата зависи од преткултурата. Примарното орање треба да се спроведе во есенскиот период на длабочина од 25-30 см, а заедно со орањето, треба да се спроведе и основно ѓубрење.

Орањето треба да се изведува на есен, освен на песочните почви и на местата каде што постои ризик од ерозија на почвата, бидејќи на тој начин се создава доволно растресит слој за подобар развој на коренот. Исто така, со орањето во есен, се зголемува количината на акумулираната вода што пченката ја користи во летниот период, кога му е најпотребна за раст и развој на зрното. Најдобро време за обработка на почвата е кога времето е умерено и влажно и не се лепи. После орањето, неопходно е да се направи подготовка, со цел да се зачува влагата.

На пролет, пред сеидба, треба да се направи добра подготовка на почвата. Пролетната подготовка ја намалува количината на плевелот. Подготовката на почвата за сеидба, треба да обезбеди доволно тврда подлога на зрното пченка, како контактот со влагата би бил добар и стабилен, за никнувањето да биде лесно и брзо. Тоа може да се постигне со есенско-зимско орање, и до крајот на зимата, да се затворат браздите, да се набие земјата, со цел да се спречи на губењето на акумулираната зимска вода од земјата. Потоа, пред сеидбата, земјата е подготвена за сеидба со едно или две копања до длабочината до која подоцна ќе се одвива сеидбата.

Многу често нашите земјоделци за подготовката на почвата, користат тањирача, која има добри, но повеќе лоши страни. Тањирачата може многу добро да ја иситни почвата и да внесе ѓубриво на длабочина од 7-15 см, но само ако почвата не е многу песоклива и ако влажноста е поволна. Најчестите грешки што се случуваат тука се подготовката на лесни почви во голема длабочина и подготовката на почвата при несоодветната влажност на земјата.

Подготовката на лесна почва со тањирача, обично е предлабока, дури и повеќе од 15 см, така што зрното што се сее на длабочина од 5-7 см, нема добар контакт со земјата, така што не се обезбедува доволно влага за да започне ртење и никнување. Подготовката на средни тешки и тешки почви со тањирача, на премногу влажна почва, доведува до преголемо збивање на почвата (особено кога се тањира по неколку пати за да се постигне поволен слој за сеење), така што долниот слој е обично толку набиен, што е и потврд, отколку што бил пред самото орање. Во овој случај, семето останува многу плитко без добар контакт со влагата.

Многу често, земјата е премногу ситна. Кога земјата премногу ќе се разбие, се зголемува присуството на честички во вид на прав во самиот слој каде ќе се врши сеидбата, каде после појава на дожд, секогаш доаѓа до добивање на покорица на почвата, која го спречува никнувањето, и обично (ако тоа не никне навреме) ќе мора да се сее наново.

Неопходно е да се направи анализа на почвата, за да се избере вистинското ѓубриво, со кое на крајот ќе заштедиме пари.

Старо земјоделско правило е: пченката треба да се посее, така што зрното треба да легне на тврда подлога, а да има растресита прекривка. Пченката се сее со семе (механички или пневматски) на растојание од 70 см меѓу редовите. Ова растојание може да биде и поголемо, но не е добро да се зголемува, затоа што пченката се сее со поголема густина во просторот, така што доколку се зголеми растојанието меѓу редовите, во истиот тој простор ќе се намали растојанието меѓу растенијата во редот. Со ова се зголемува конкуренцијата на растенијата, а се намалува оптималната употреба на вегетациониот простор.

 „Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *