Подигнете расадници за одгледување на цвеќе, украсни растенија и дрвја, преку ИПАРД 3: Механизација, системи за наводнување, опрема за контрола и заштита…

Вести

Како еден од приоритетните сектори во Мерка 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси е алтернативното земјоделско производство во кое спаѓаат:

• Одгледување на печурки и тартуфи;
• Хортикултура (расадници и одгледување на цвеќе и цветни папки, украсни растенија, дрвја);
• Производство на семенски и саден материјал;
• Одгледување на зајаци;
• Одгледување на полжави;
• Одгледување на птици за јајца и месо – патки, гуски, мисирки, тетреби, ноеви, емуа и бисерки;
• Одгледување на дивеч;
• Пчеларство;
• Одгледување на билки, семиња, и други зачински и ароматични растенија;
• Насади на дрвја (брзорастечки) за дрвена граѓа и био-маса;
• Рибници за производство на слатководна риба.

Може да се аплицира за неповратен грант од 65% за Расадник за одгледување на цвеќе и украсни растенија.

За ваквата инвестиција може да аплицира физичко лице со место на живеење во рурална средина кое сака да започне да се занимава со одгледување на цвеќиња, цветни папки и други украсни растенија, односно да инвестира во изградба и опремување на стакленик, пластеник и сл. каде што ќе ги одгледува цвеќињата, цветните папки и украсните растенија.

Покрај тоа што може да се аплицира за подигнување на самиот пластеник или стакленик каде што ќе се одгледуваат растенијата, може да се аплицира и за набавка на нова земјоделска механизација и опрема која ќе служи за алтернативно земјоделско производство, во конкретниот случај за одгледување на цвеќиња, цветни папки и други украсни растенија. На пример тоа можат да бидат: машини и опрема за подготовка на почва и садење (мотокултиватори, опрема за садење и калемење, ротофрези, плугови, ротобрани, дискови брани, редосеалки, ѓубрерастурачи за минерални ѓубрива, депозитори за семе и ѓубриво, култиватори, расадосадачки, опрема за рамнење, дупчалки за садење, кримлери/ сетвоспремачи, ѓубрерастурачи за арско ѓубре и др.), опрема за наводнување и одржување на растенијата (прскалки, атомизери, системи за наводнување капка по капка, опрема за наводнување (субиригација), микро-прскалки и опрема за наводнување со замаглување, опрема за дистрибуција на вода, опрема за наводнување со ѓубрење, опрема за автоматско дозирање на вода за наводнување), опрема за контрола и заштита (Опрема за надворешно и внатрешно мерење на температура, влага во почва, влажност на воздух, стерилизација на почва, испитување на почва и сл).

Новина во оваа програма ќе биде предфинансирањето, односно променет е и начинот на исплата на одобрените средства за одобрените проекти. Се предвидува авансна исплата на средства и тоа од 30 – 50 % од сумата со самото склучување на договорот за проектот.  

Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 %, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 % од средствата или 30.000 евра.

Во продолжение прочитајте повеќе за што се може да се аплицира, какви услови треба да се исполнат и кои документи се потребни за инвестиции во руралниот туризам:

Кој може да аплицира:

– Физички лица:

  • Лице регистрирано во Единствениот регистар на Семејни земјоделски стопанства
  • Регистриран индивидуален земјоделец
  • Физичко лице регистрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец,

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани во Централен регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони евра.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *