Поради африканската свинска чума забранет увозот на живи животни и производи од животинско потекло кои потекнуваат и транзитираат низ Република Србија

Вести Сточарство

Поради појава на ново жариште со болеста африканска свинска чума во Република Србија и спречување на можноста за евентуално нејзино пренесување и ширење и во Република Северна Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство вчера донесе решение со кое го забрани увозот и транзитот на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло кои потекнуваат и транзитираат низ Република Србија. Покрај забранетите региони во Србија, од април минатата година (Пиротски, Средно Банатски, Борски, Зајечарски, Подунавски и Град Белград), од денес на листата забранети региони се наоѓа и Нишавскиот регион.

Во Република Северна Македонија нема евидентирано појава на болеста африкаска свинска чума.

Заради спречување на нејзина појава и ширење на сила се решенијата за забрана за увоз и транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло кои потекнуваат и транзитираат низ земјите и регионите каде е потврдено нејзиното присуство. Покрај за Република Србија, донесени и на сила се решенијата за забрана за увоз и транзит на домашни и диви свињи, производи и нуспроизводи од животинско потекло, семе за вештачко осеменување, јајце клетки и ембриони од свињи, – нуспроизводи и деривати на нуспроизводи од свињи, – свинско месо, производи од свинско месо, преработки од свинско месо, мешовити и други производи кои содржат свинско месо од Германија, Грција, Бугарија, Романија, Унгарија, Полска, Литванија, Латвија, Естонија, Словачка и Белгија, како и од регионот Сардинија во Италија.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *