Потпишување на првите договори од Договорното производство на пченка

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа денеска во просториите на Групацијата „Везешари“ присуствуваше на потпишување на првите договори меѓу земјоделците и откупувачот, компанијата „Голд Ланд“.

Договорното производство е најдоброто решение за земјоделските производители бидејќи на тој начин имаат гарантиран откуп, откупувачот има сигурна суровина, а за државата тоа значи зголемено домашно земјоделско производство.

Сигурни сме дека сите што имаме вакво производство ќе сакаме да се приклучиме на договорното производство. Решениот пласман ни е најважен и затоа ја поздравуваме оваа кампања и се надеваме на долгорочна соработка и договор за сите аспекти од проектот – изјавиjа земјоделците.

Сопственикот Арбен Абдурахмани ги повика земјоделците да склучат договори со „Голд Ланд“.

-Она што ви нудиме како компанија е гарантиран откуп, со договор во кој ќе има загарантирана минимална цена под која нема да се оди. Доколку цената за време на откупот биде повисока, ние ќе ви ја платиме повисоката цена. Исто така предноста која ја нудиме е плаќање истиот ден кога ќе ја донесете пченката. Доколку е пред 13 часот, парите ќе бидат на ваша сметка истиот ден, ако ја предадете пченката после 13 часот, средствата ќе ги имате следниот ден – изјави Абдурахмани.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *