Повеќе говеда, а помалку живина лани во Македонија

Вести

Вкупниот број на говеда минатата година е зголемен за 0,1 процент во споредба со 2016 година. Зголемување за 22,5 проценти има кај бројот на говеда кај деловните субјекти, а намален е бројот на говеда кај индивидуалните земјоделски стопанства, објави Државниот завод за статистика.

За разлика од говедата, кај свињите има зголемување на нивниот број за 1,6 проценти кај индивидуалните земјоделски стопанства, а намалување за 4,5 проценти кај бројот на свињи кај деловните субјекти.

Иста е ситуацијата и кај овците, односно нивниот број е зголемен за 1 процент кај индивидуалните земјоделски стопанства, а намален за 19,7 проценти кај деловните субјекти.

Во истиот период, бројот на кози кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 6,2 отсто, а кај деловните субјекти има намалување за 20,7 отсто.

Бројот на живината минатата година во споредба со претходната година е намален за 1,4 проценти.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *