Повик за учество на Tендер за извршување на Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Северна Македонија, Фаза. II – Планирање на распределба на земјиште во Трн

Вести

 

Во рамки на проектот финансиран од Европската унија “Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД), спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство на Обединети нации (ФАО) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавен е јавен тендер (Референтен број: 2019/CSAPC/REUDD/103778) за извршување на “Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Северна Македонија Фаза. II – Планирање на распределба на земјиште во Трн”.

 

Селото Трн се наоѓа во југозападниот дел на Република Северна Македонија и е дел од општина Битола.

Врз основа на резултатите од физибилити студијата неодамна спроведена во консолидационото подрачје Трн, консултантските услуги што ќе треба да се спроведат во рамки на објавениот тендер вклучуваат: проценка на вредноста на земјиштето, идеен дизајн на земјоделската инфраструктура во согласност со Законот за консолидација на земјоделско земјиште и друга релевантна легислатива, подготовка на план за распределба на земјиштето преку процес на партиципативно преговарање со сопствениците и корисниците на земјиште и изработка на геодетски елаборат во проектното консолидационо подрачје.

На тендерот можат да учествуваат овластени геодетски компании кои се регистрирани во Регистарот на вршители на работи во функција на консолидација на земјиште при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, во согласност со член 9-а од Законот за консолидација на земјоделско земјиште.

Со цел да имаат пристап до тендерските документи и да можат да поднесат понуда, заинтересираните компании треба прво да се регистрираат на Порталот на Обединети Нации за глобален пазар – United Nations Global Marketplace portal (УНГМ-UNGM) на: https://www.ungm.org/Vendor/Registration, бидејќи само регистрираните компании ќе имаат право да учествуваат.  После успешна регистрација  компаниите ќе можат да пристапат до тендерските документи и да ги поднесат своите понуди преку истиот UNGM портал  (https://www.ungm.org/Account/Account/Login).

Крајниот рок за поднесување на понуди за тендерот е 10 Јануари (петок) 2020 година до 09:30 часот (по централно европско време).

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *