Повисока откупна цена на тутунот

Вести

Откупот на тутунот годинава можно е да заврши пред законскиот рок, 15-ти март. Досега се преземени повеќе од 18.000 од предвидените 23.000 тони. Квалитетот е добар, а просечната цена е 209 денари килограм или за 13 денари повеќе од лани…

Тутунарите се задоволни од годинешниот откуп на тутунот. Досега, според Државниот инспекторат за земјоделство се откупени повеќе од 18.000 од вкупните 23.000 тони тутун, колку што се очекува да тежи родот годинава.

Постигната е просечна откупна цена од 209 денари за килограм, а исплатата се врши според договорите на кооперантите со монополите.

Лани просечната откупна цена беше 196 денари за измерен килограм, што е за 13 денари помала од сегашната.

Субвенцијата за родот 2017-та е 60 денари за килограм за сите класи, а по измените на Законот за тутун се планира да бидат по 80 денари за прва, 70 за втората класа, а за третата и другите класи да остане субвенцијата од 60 денари за килограм.

Откупната кампања според Законот, треба да заврши на 15-ти март.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *