Хоџа: Ќе се надминат атминистративните бариери за штетите предизвикани во земјоделството во Арачиново, Гази Баба, Могила,Струмица

Вести

После долго време, денес се вративме на владините седници со физичко присуство.

Покрај одлуката за олеснување на мерките за заштита од пандемијата КОВИД-19, на денешната седница ги донесевме и следниве одлуки:

Измена на програмата за рурален развој поврзана со распределбата на буџетот за покривање на некои инфраструктурни проекти за рурален развој како и подфотовка за изготвување на друг повик за поддршка на инфраструктурни проекти каде што аплицираат општините.

Владата му предлага на Собранието измена и дополнување на законот за заштита и спасување со кое се обезбедува преодна одредба што ќе овозможи натамошно проследување на предметите што останале од штетите во земјоделството предизвикани од природни непогоди.

Овој закон конечно ја отвора можноста за решавање на административниот проблем за штетите предизвикани во земјоделството во општините Арачиново, Гази Баба, Могила, околината на Струмица и во некои други населени места.

Фејсбук статус на Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *