Прекин во сообраќајот на автопатот Кичево- Охрид

Вести

Денес (07.09.2021) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, поради изведување градежни работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11:00ч. – 14:00ч. во времетраење од 15 – 20 минути, информираат од АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *