Преполовено производство на мед

Вести Пчеларство

Пчеларството претрпе големи штети од климатските промени. Ако во дорби години се добивало по 20 килограми мед од една кошница, во 2017-та приносите беа до пет килограми. Климатските промени ја уништуваат и храната на пчелите, а не е исклучена и можноста да се појават и нови штетници кои доаѓаат од тропските краишта…

Приносот по пчелно семејство за 2017-та беше помал од пет килограми мед по кошница, додека во добрите родни години од едно пчелно семејство можеше да се добие и до 20 килограми мед.

Главен виновник за лошата состојба во пчеларството, според експертите се климатските промени кои најмногу штетат на здравјето на пчелите, предизвикувајќи намален принос и угинување.

Годината почна лошо, велат пчеларите. Прво имаше студена зима која предизвика загуби и штети во кошниците, а подоцна и пролетниот мраз го сотре багремот кој измрзна и до 90 проценти, истото се случи и со сите овошки, а пчелите останаа без храна, и отидоа и оптимистичките прогнози и надежта за повеќе тегли мед оваа сезона.

Дополнително, според експертите, климатските промени веќе предупредуваат и за нова закана, односно за појавата на нови штетници кои во Европа доаѓаат од тропските краишта.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *