Поради високите температури Министерството за здравство препорачува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години.
Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот; се препорачува сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници.