ПРЕТСТОЈНИОТ ПЕРИОД РЕЛАТИВНО СТУДЕНО ВРЕМЕ ЗА ОВОЈ ПЕРИОД – ЌЕ ИМА И ДОЖД И СНЕГ

Вести

 

Почнувајќи од денес, па во текот на следниот период нашата територија ќе биде под влијание на релативно студена воздушна маса која се спушта од север. Истата ќе услови под просечни температури на воздухот, односно ќе биде релативно студено за овој период од годината.

Минималните температури во текот на следните денови ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени. Во најтоплите предели истите има услови да се искачат до околу 15 степени а времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, повремено и подолги а ќе има услови и за повремен локален слаб дожд, на повисоките места и на планините ќе провејува слаб снег.

Утре особено во источната половина ќе има позначителна облачност а ќе има и повремени локални врнежи од дожд и снег на пониските места, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат само од снег. Снежната граница има условови на некои места да се спушти и под 1000 метри.

Утре сеуште ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Нови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и снег ќе има за време на викендот.

Во Скопје и околината до крајот на денов ќе има услови за повремен дожд, на околните планини од снег, додека потоа во следните неколку денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд ќе има во сабота. Максималната температура како денес, така и во следните неколку денови ќе се искачи до околу 12 степени, додека утре сеуште ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *