Превентивни сообраќајни мерки во Преспанскиот регион во пресрет на претстојниот Јаболкобер

Вести

Одделението за внатрешни работи во Ресен најави превентивни мерки за поголема безбедност во сообраќајот на подрачјето на Преспанскиот регион.

Од ОВР-Ресен посочуваат дека во пресрет на зголемените земјоделски активности  кои ќе се преземаат за време на претстојниот Јаболкобер, потребно е земјоделските машини, тракторите и приклучната механизација, да бидат во исправна состојба и да се регистрирани, технички исправни и прописно осветлени и означени.

– Статистички како најчести причини за случените сообраќајни незгоди во овој временски период биле неосветлени трактори, приколки и работни машини. Затоа апелираме земјоделците внимателно да се вклучуваат и учествуваат во сообраќајот – нагласуваат од ОВР Ресен.

Полициски службеници од Ресен посочуваат брзината на движење да се прилагоди спрема условите на патот и потсетуваат дека брзината на движење на  јавните патишта за трактори се ограничува на 30 км/час а за  за трактори што влечат приклучно возило со кое се превезуваат лица  се ограничува на 25 км/час.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *