Храната во светот повторно поскапува

Вести

Глобалните цени на прехранбените производи во август се во тренд на раст после два континуирани месеци пад, водени со силен скок на меѓународните котации на шеќер, пченица и растителни масла, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединатите нации (ФАО).

ФАО индексот на цената на храната, кој ги следи месечните промени во потрошувачката кошница од пет основни прехранбени производи – млеко, месо, житарки, шеќер и растителни масла – во август изнесуваше во просек 127,4 поени, што е раст од 3,1 отсто во однос на јули и за дури 32,9 отсто во однос на истиот месец во 2020 година.

Цените на шеќерот пораснаа за 9,6 отсто во август во однос на јули, поради загриженоста поради штетите кои мразот ги нанесе на посевите во Бразил, најголемиот светски извозник на шеќер. Растот на цената на оваа намирница ја ограничи информацијата за добри производствени изгледи во Индија и Европската Унија, како и пад на цената на суровата нафта и ослабнувањето на бразилската валута, реалот, се наведува во извештајот објавен на веб-сајтот на ФАО.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *