Прихрана на лозов насад

Вести Лозарство Совети

Прихраната на лозовиот насад со азотно ѓубриво Уреа, се изведува на почетокот на пролетта при првата обработка на почвата, бидејќи најголемиот дел од азотот, лозовиот насад ќе го користи до цветањето.

Се препорачува да се додаде, потребната количинана азот, при есенското ѓубрење, 150-170 кг / ха или 15-17 g / m2 UREE N 46, односно 100 kg / ha, 10 g / m2 KAN N 27.

Прихраната се додава во вид на два оброка, и тоа на почетокот на вегетацијата и после цветањето. Улогата на азотот е во вегетативниот раст и зголемувањето на површината на листот, но не смееме да претераме со прихраната, бидејќи прекумерните количини на азот, особено без основното есенско ѓубрење, предизвикуваат осип на цветовите и лошо зреење на зрното на грозјето.

Виното кое е добиено од почви кои се пребогати со азот, имаат послаб квалитет, имаат послабо изразена арома, потешко се избиструваат, стабилизиаат и чуваат. Покрај редовното есенско ѓубрење со минерални ѓубрива, лозовите насади секоја трета или четврта година, треба да се третираат со зрело шталско ѓубриво, со количина од 30-40 т / ха или 3-4 кг / м2. Со примената на шталското ѓубриво, почвата се збогатува со органска материја, се подобрува врската меѓу водата и воздухот во почвата, микробиолошката активност на почвата, а со тоа се подобрува и целокупната плодност на почвата. Шталското ѓубриво, најдобро е да се внесе во почвата, на, есен веднаш по бербата.

Фолијарна прихрана

Прихраната на виновата лоза преку листот, се прави со течни минерални ѓубрива Фертини. Во својата производна програма, Петрохемијата за производство на вино ги нуди Fertina G, Fertina B и Fertina Fe. Тие се исклучиво наменети за дополнителна прихрана на листот на лозовиот насад, макро и микро-хранливи материи, а пред се со хранливи материи како што се магнезиум (Mg), бор (B) и железо (Fe), чиј недостаток често се јавува кај лозовите насади.

Fertina B е раствор од азот и бор, кој се применува непосредно пред цветaњето, во концентрација од 0,5-1%. Со примена на Fertina Б во овој период, им се овозможува на лозовите насади побезбедно цветање и оплодување, бидејќи борот го зголемува `ртењето и виталноста на поленовите семиња, а подоцна и примената на бор е поволна за развој на зрното. Fertina G, која покрај макрохранливите азот и калиум, содржи и магнезиум, бор и железо, и може да се користи при самиот развој во концентрација од 1%.

Второто третирање се прави пред цветањето, а после цветањето се користи во концентрација од 2% на секои 14 дена до крајот на јули кога се престанува со прихрана. Ако лозјата се садат на почва со повисока содржина на карбонати, листовите ќе почнат да  пожолтуваат или се појавува типична хлороза, која е предизвикана од дефицит на железо (Fe). Кај ваквите лозови насади, пред цветањето, потребен е третман со Fertina Fe, кој содржи железо во концентрација од 0,2-0,3% (200-300 ml на 100 l вода).

Предноста на течните ѓубрива, односно прихраната на лозјето со Фертини, преку листот, е дека и со мали количини на хранливи материи се одржуваат исхраната на лозовиот насад, особено ако се појави подолга сушна сезона кога се исхраната преку почвата е значително намалена. Фертините може да се применатсамостојно или заедно со заштитни агенси во раните утрински часови или доцна попладне, со цел да се спречи расипување на зрното (плодот). Со примена на сите горенаведени Фертини, обезбедуваме здрав раст и развој на виновата лоза, поголема отпорност на суши и болести и подобар квалитет и поголеми приноси, со предуслов почвата да биде добро снабдена со останатите биогени елементи.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *