Во првата категорија, условот за користење дополнителна помош од 5 проценти го остварува регистрирано правно лице кое е основано од семејно-земјоделско стопанство со целиот земјоделски имот освен објектите за домување.
- Втората категорија се младите земјоделци до 35 години на кои им следуваат уште 10 проценти од основниот износ на субвенциите поради нивното останување во руралните средини како и за стимулирање на работењето во оваа дејност.
- Третата категорија со поголема финансиска поддршка се регистрираните индивидуални земјоделци или регистрираниот земјоделец согласно Законот за пензиското и инвалидско осигурување.
За нив, субвенциите се поголеми за 20 проценти.
На дополнителната помош, може да сметаат и земјоделците за чувањето на пченицата од домашно производство од реколтата во 2019 година, предадена во регистрираните капацитети за складирање во август годинава.