Производство на Ротквици во заштитен простор

Вести Полјоделство Совети

Ротквицата во заштитен простор се произведува во есенско – зимскиот и пролетниот
период, а поради високите цени кои се достигнуваат на пазарот кога се продаваат во
вези, тогаш се препорачува зголемување на производството на ротквици. Доста е
препорачлива за континуирана сеидба на секои 7 – 10 дена, а во заштитен простор
се произведуваат сорти со кратка вегетација ( 30-45 дена ). Ротквицата добро се вклопува и како
пред култура, како дополнителен посев, а често и како меѓу култура измеѓу редовите
од кромид и салатка.

 

Има плиток коренов систем затоа најдобро и одговараат лесни, хумусни почви со добра структура, која после наводнување на почвата не создава покорица. На песокливи почви не постигнува добар квалитет, а пак на глинести или тешки почви отежнато е берењето – вадењето и перењето на ротквицата. Семето се сее во добро припремена почва, меѓуредово растојание 10-15 см. , а во редот 3-4 см. Сеидбата се извршува
плитко со 3-4 гр.семе/м2.
Во периодот на никнување, потребна е температура од 18-20 степени, за време на сончеви денови, а 12 степени кога е времето облачно. За пораст на задебелениот корен поради кој и се одгледува ротквицата, оптималната температура е од 12-14 степени, но може добро да ѓи поднесува и пониските температури.
При високи температури и недоволно наводнување, ротквицата формира сунѓерасто ткиво во внатрешноста на коренот и така пластеникот мора почесто да се проветрува. Кај производството во поладни периоди, треба да се користи агротекстил, поради постигнување на повисока температура и порана берба. Ротквицата бара изедначена влажност на почвата, најдобро успева на почви со pH 5,5 – 7, на алкални почви ( pH>7 )
не постигнува интензивна боја, и затоа е многу важно да се избегнуваат ѓубрива кои содржат хлор.

Доколку почвата е плодна, ротквицата може да се одгледува и без ѓубрење, а кај почви кои се среднообезбедени со храна обично се внесуваат губрива кои после извршената агрохемиска анализа и препораките од истата се пристапува кон аплицирање или спроведување на истата.
После култури кои оставаат доста азот во почвата ( грашок,грав,боранија ), не е потребно да се ѓубри со азотни ѓубрива, бидејки преголемите дози на азот можат да делуваат на намалувањето на квалитетот. Коренот од ротквица не може да се чува долго ( 1 – 2  дена ), и затоа мора да се води сметка околу пласманот или продажбата. Приносот се движи околу 4кг/м2.

 

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *