Промената на времето ги прекина земјоделските активности

Вести

Mожно проретчување на родот кај овошките во некои региони.

Промената на времето која почна викендов, особено вчера, со драстичниот пад на температурите и врнежите од дожд и снег на планините, ќе ги прекине земјоделските акивности што се вообичаени за овој период од годината.

Според агрометеоролозите од УХМР, во втората половина од неделава се очекува повторно постепено разведрување кое ќе донесе и повисоки дневни температури. Утринските температури се очекува да бидат негативни во одделни делови од државата, но нема да предизвикаат поголеми штети, можеби само проретчување на родот кај овошките.

-Постепеното разведрување и струењето на воздухот, нема да доведат до појава на негативни утрински температури на поголем дела од мерните места во земјава, со исклучок на Берово, Паланечкиот дел и дел од Пелагонија. Ваквите температури не се очекува да причинат позначителни штети кај овошките во овие региони. Можно е да дојде само до проретчување на родот, а тука треба да се има предвид и местоположбата на насадот, експозицијата и времетраењето на температурите, велат агрометеоролозите. /МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *