Промотивна кампања за јавната свест во фитосанитарната област Хоџа: Интензивно работиме со сите засегнати страни, за нивно запознавање и исполнување на новите фитосанитарни барања кои мора да се исполнуваат. Само така, за нас ќе биде достапен европскиот пазар

Вести

Денеска, во Клубот на пратеници, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, учествуваше на настан за промоција и подигнување на јавната свест во фитосанитарната област. На настанот присуствуваа и претставници на Делегацијата на Европската Унија, директори на институции и вработени од Фитосанитарната Управа. Промотивните активности во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се поддржани од ИПА-проектот „Пoдобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарнотo законодавство и соодветните информативни системи“.

Фитосанитарната политика е исклучително значајна област, за чие унапредување Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, вложи многу труд, за истата да биде усогласена со европската. Во чекор со актуелните политики и регулативи на Европката Унија, во последната  година направени се иклучително позитивни придвижувања во насока на модернизација и современо управување во фитосанитараната политика во нашата држава.

Во 2020 година, донесен е Законот за фитофармација, кој се заснова на евроспкото закнодавство. Меѓутоа, со законот се наметнуваат предизвици и реформски зафати. Произлегуваат и обврски за организирање и спроведување на обука и испити за земјоделците, советниците и дистрибутерите, како и контрола и сертификација на опремата за апликација на производите за заштита на растенијата. Секој што ќе употребува производ за заштита на растенијата, ќе мора  да помине одреден број часови обука и да се стекне со дозвола, односно лиценца за употреба на пестициди. Опремата за апликација на производите, мора да се контролира и да поседува сертификат издаден од овластено сертификациско тело. Исто така, за спроведување на Законот за фитофармација, поребна е стручна служба за интегрална заштита на растенијата од економски штетни организми, со кои би се опфатила целата територија на земјата и сите економски земјоделски култури.

„Во моментов, се соочуваме со предизвици во однос на исполнување на фитосанитарните барања за земјоделските производи, особено во период на значајни промени на пакетот на европското законодавство за здравје на растенијата и официјални контроли. Станува  збор за комплексно законодавство, при што се воведуваат многу рестриктивни и строги услови за влез на земјоделските производи на пазарите на ЕУ. За таа цел, Министерството за земјоделство донесе Правилник базиран на анализа на ризик, со нови барања за увоз на растенија и растителни производи во Република Северна Македонија, кој ќе стапи на сила на 1-ви септември 2021 година. Во овој период, интензивно работиме со сите засегнати страни, за нивно запознавање и исполнување на новите фитосанитарни барања кои мора да се исполнуваат. Само така, за нас ќе биде достапен европскиот пазар“ изјави Хоџа. Тој потсети дека  2020 година беше прогласена за Меѓународна година на здравјето на растенијата, под мотото „Здрави растенија, здрав живот“. Заради пандемијата, одбележувањето беше продолжено до средината на 2021 година, а Министеството беше активно вклучено, преку информативни кампањи, панели, трибини и промоции. Министерот Хоџа, своето обаќање го заврши со порака која упатува на заштита на растенијата, бидејќи здравите растенија значат здрав живот, а Фитосанитарната политика, токму тоа ни го овозможува.

Раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Штефен Худолин, се осврна на позитивните резултати во фитосанитарната област, постигнати во изминатиот период, со нивна поддршка. Тој искажа задоволство од сработеното и повика на континуирано исполнување на сите нови барања дефинирани во новата ЕУ регулатива, додавајќи дека е постигнат напредок во осогласување на законодавството на ЕУ, но укажа и дека останува уште многу да се направи во имплементацијата.

Како една од развојните компоненти во фитосанитарната област, во изминатите две години беше дизајниран и развиен Фитосанитарен  информативен систем, како и веб страна на Фитосанитарната управа, со што се овозможи побрза размена на податоци, комуникација и координација на сите страни вклучени во фитосанитарниот сектор.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *