Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска ќе учествува на почетокот на работилницата „Воспоставување на земјоделски осигурителен пул“.
На настанот, како што е најавено, ќе учествува и заменикт-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, генералната директорка на Агенцијата за управување со земјоделскиот осигурителен систем – ТАРСИМ, Серпил Ѓунар и претседателот на Советот на експерти при Агенција за супервизија во осигурувањето на Република Северна Македонија, Крсте Шајноски.