ЈП “Стрежево” – Рекреативна зона “Акумулација Стрежево” ·

Вести
Решение за забрани на риболов во период на природен мрест на рибите
Врз основа на член 95 од Законот за рибарство и аквакултура, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, донесе Решение за забрана на риболов во период на природен мрест на рибите на риболовната вода “Вештачко езеро – Акумулација Стрежево”.
Забраната за вршење риболов, во одделни риболовни води и на одредени видови риби, се донесува заради овозможување непречен природен мрест на рибите, врз основа на доставениот предлог за забрана на риболов на барање на концесионерот.
Решението се донесува согласно одобрениот Годишен план за заштита и стопанисување за 2021 година и Риболовната Основа за акумулација Стрежево, за периодот 2017-2022 година.
Апелираме до граѓаните да бидат внимателни следниот период и да ја почитуваат забраната на риболов во период на природен мрест.
Напоменуваме дека секое непридржување на граѓаните кон ова Решение, издадено од надлежното министерство, сноси прекршочна и кривична одговорност, врз основа на сеопфатната законска регулатива која ја регулира оваа област.
Нема опис за фотографијата.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *