Раст од 5,9 отсто на откупот и продажбата на земјоделски производи во првото тромесечие

Вести Совети

Во првото тримесечје од 2019 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 5,9 отсто во однос на истиот период лани. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 12,5 проценти, а кај продажбата од сопствено производство има намалување од 8,9 отсто.

 

„Забележен е и раст на извозот на земјоделски прозиводи кој во првото тромесечие од годинава е зголемен за 8 отсто или за 42,2 милиони евра повеќе од истиот период од минатата година.

Зголемената поддршка за земјоделците, помошта за младите земјоделци, зголемените субвенци и нивната неселективна и навремена исплата придонесуваат за зголемено и поквалитетно земјоделско производство конкурентно на домашниот и странските пазари.

Оваа тенденција на раст ќе продолжи во текот на годината. Со воведувањето на „зелената нафта“ со придвижувањето на евоинтеграциите се отвораат можности за поконкурентно производство и пристап до нови пазари, што ќе резултира со зголемен, навремен и сигурен откуп на земјоделското производство.

Продолжува вистинската грижа за земјоделците. Се враќа достоинството на земјоделците и се унапредува земјоделството како една од најважните стопански гранки.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *