Индексот на цените во земјоделството во април кај инпутот е зголемен за 2.8 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 1.5 %

Вести Совети

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во април 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 2.8 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 1.5 %.

Во април 2019 година, во споредба со април 2018 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 103.1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 98.3.

Во делот аутпут, во април 2019 година, во споредба со април 2018 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 101.8, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100.4.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *