Регистрација и одобрување на операторите со храна за животни

Вести Сточарство

Од 26 до 27 февруари ќе се одржи работилница на тема: Регистрација и одобрување на операторите со храна за животни.

Целта на работилницата за регистрација и одобрување на операторите со храна за животни е презентација на законските барања и услови за регистрација и одобрување на објекти и оператори со храна за животни со јасна дистинкција кој е предмет на процесот на регистрација, а кој на процес на одобрување.

Исто така на учесниците на работилницата ќе им биде презентирана правната рамка за регистрација и одобрување на објекти за производство на животински нус производи кои се користат како храна за животни, како и правната рамка во однос на производството , маркетингот и употребата на медицинирана храна за животни.

Дел од обуката ќе биде посветен на примарното производство на храна за животни, вклучително и општите и посебните одредби за хигиена.

Една од целите на оваа работилница е запознавање на учесниците со моделите и барањата на ветеринарните сертификати кои што ја придружуваат пратката при увоз/ извоз на храна за животни од / до трети земји.

Учесници: Претставници на АХВ, Сектор за ветеринарно јавно здравје, Сектор за инспекциски надзор, официјални ветеринари.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *