Рокот за јавниот повик за субвенционирана набавка на системи за наводнување, што истекува утре, се продолжува за 15 дена

Вести Огласи

Рокот за јавниот повик за субвенционирана набавка на системи за наводнување, што истекува утре, ќе се продолжи за 15 дена, заклучно со 11.02.2022 година.

-Оваа одлука ја донесовме во консултација со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, а поради зголемениот интерес за јавниот повик, истакна Николовски.

Земјоделците кои не успеале да го запазат рокот, ќе добијат нова можност да аплицираат за добивање на финансиска поддршка од Програмата за рурален развој преку мерката 121.4 „Набавка на систем капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површинска вода”.

-Барањата и предлозите на земјоделците се наш врвен приоритет, појасни Министерот Николовски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *