Само 20 отсто од краварските фарми се прва категорија

Вести Сточарство

– Од досега категоризираните 1.500 фарми со молзни крави во Македонија, само 20 отсто се прва категорија и ги исполнуваат европските стандарди за квалитет на сурово млеко кои дозволуваат максимум 400.000 соматски клетки и 100.000 бактерии во еден милилитар.

Најмногу, околу 70 отсто, се втора категорија. Овие фарми, според Агенцијата за храна и ветеринасртво (АХВ), покажуваат многу мали недоследности кои брзо и лесно може да се надминат со помош и едукација.

– Процесот на категоризација треба да заврши до 2020 година. Целта е унапредување на квалитетот на суровото млеко од апсект на вкупен број бактерии и соматски клетки, согласно европската регулативаСите фарми што нема да ги исполнат дефинираните критериуми и што ќе влезат  во т.н. трета категорија, нема да можат да го предаваат млекото за откуп и натамошна преработка. Фармите од втора категорија, пак, ќе можат да го предаваат млекото само за преработка во сирење се зреење од најмалку 60 дена, вели за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов.

Тој потенцира дека со подигнување на стандардите за хигиена и квалитет на млекото, ќе се овозможи нашите млекарници да ги задоволат критериумите за извоз во ЕУ.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *