Од денеска започнува сезоната за наводнување во Кочанско

Вести

-Квалитетниот и навремениот пристап до вода е клучно за стабилно и конкурентно земјоделско производство. Затоа сме фокусирани на инвестиции во водостопанската инфраструктура, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Од денеска започнува сезоната за наводнување 2018. Во селото Мојанци, кочанско, министерот Љупчо Николовски и директорот на АД Водостопанство, Илми Селами, ги информираа земјоделците дека каналите за наводнување се подготвени, акумулациите се со максимална акумулирана количина на вода и дека се очекува успешна сезона за наводнување.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *