Се дозна потеклото на ГМО соините шницли, се истражува оризот

Вести

Соините презли и шницли кои првичните испитувања утврдиле дека содржат генетски модофицирани организми, се на компанијата „Виталиа“, а по потекло од Србија. Со ГМО била откриена количина од 510 килограми, а серијата е повлечена од продажба, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов.

Оризот во кој е утврден ГМО, пак, е произведен во кочанско, а е во количина од 550 килограми. Се уште се утврдува од каде потекнува семенскиот материјал.

-Производите се наоѓаат под официјалн надзор и се чека нивно уништување. Операторите се санкционирани со казна од 5.000 евра, додека одговорното лице во фирмите со казна од 1.700 евра – вели Атанасов.

За производите на „Виталиа“, додава тој, се чека супер анализа, бидејќи операторот по закон може да побара дополнително испитувања.

Според нашето законодавство, подвлекува, производството на ГМО храна е забрането.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *