Се објави базата на прашања за полагање на ловечкиот испит

Вести

– Започнуваме со процедурата за полагање на ловечки испит. Oваа година со измените на законот за ловство значително го олеснивме полагањето на ловечкиот испит, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

 

Тој нагласи и дека се укина електронското полагање, нема повеќе временско ограничување на полагање на испитот, кандидатите не мора да доаѓаат во испитниот центар во Скопје со што се намалуваат финансиските трошоци на лицата што ќе полагаат.

Согласно Законот за ловство и Правилникот стручната Комисија за полагање на ловечки испит ги објави прашањата.

Првото полагање на ловечки испит ќе се одржи на 09.06.2018 во Пехчево, за кандидатите од Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица и Виница.

Повеќе информации за прашањата на следниот линк: https://bit.ly/2kjsVQ4

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *