УХМР: Од сабота стабилизација на времето и пораст на температурата

Вести

Облачно и студено со повремен дожд и утре, од сабота стабилизација на времето и пораст на температурата.

Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд кои пообилни ќе бидат во југоисточните делови од земјава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Од сабота ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе биде пооблачно и ветровито, а од понеделник ќе има повеќе сончеви периоди, информираат од УХМР.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *