Зголемување на финансиската поддршка за мерката „Зелена нафта“

Вести

Поради порастот на трошоците за нафта кај земјоделските култури, во новата Програма е предвидено зголемување на финансиската поддршка за мерката зелена нафта.

„Со цел да се анулираат зголемените трошоци за нафта, го зголемивме износот за кофинансирање по хектар за субвенции за зелена нафта. На пример, трошоците за нафта лани за пченица биле субвенционирани со 1.250 денари по хектар, а оваа година поради зголемената цена на нафтата и ревидирање на методологијата за пресметка на висината на трошоците,  ќе добијат 1.413 денари по хектар. И покрај порастот на цената на нафтата, политиките на Владата остануваат кофинансирањето за зелена нафта да биде 50 %. Со измени на Законот за земјоделство и рурален развој овозможуваме зголемување на кофинансирањето до 100%“, рече министерот Николовски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *