Селфи во кавадаречко лозје од 1928 година

Вести Винотека Лозарство

Селфи фотографија во кавадаречко лозје од 1928 година е дел од колекцијата за Кавадарци низ стари фотографии.

– Ова е дел од колекцијата за Кавадарци низ стари фотографии. На црно белата фотографија се жени, берачи на грозје, во лозјето на Шкартови. Фотографијата ја направил фотографот Илија Шкартов, кој и самиот е на фотката со помош на самослик. Фотографијата е од 1928 година, вели пензионираниот историчар Петре Камчевски, до неодамна директор на кавадаречкиот Музеј.

Тој вели за МИА дека фотографијата како таква, е и доказ за долгогодишната традиција на лозарството во најголемиот лозаровинарски регион во Македонија, Тиквешкиот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *