Малината е грмушесто растение. Во првата година израстуваат стебла високи и до 2 метри, а на зима овенуваат. Во втората година овие млади стебла се разгрануваат, цветаат и даваат плод.
Стеблото е округло и обраснато со четинести боцки.
Листовите се неправилно распоредени, составени од 3 до 5 ливчиња кои имаат долги врвки. Од горната страна листовите се светлозелени, а од долната страна се покриени со густи влакненца. Цветовите на малината се бели и имаат правилна форма. Плодот е црвен и сочен, сличен на капината. Има пријатен мирис и сладок вкус. Листовите исто така имаат пријатен, но послаб мирис.
Малината е диво растение кое расте во шумите , како џбун висок до 2 метри. Созрева од јуни до август.
Други имиња: Планинска малина, црвена јаболка, црвена капина, питома капина Латинско име: Rubus idaeus Англиски јазик: Raspberry
Како лек се собираат листовите и плодовите во време на дозрејувањето. Листовите се сушат на ладно и осветлено место.

Малината, според народното искуство, има својство да разладува, па се користи за снижување на температурата. Нејзините плодови се користат и во лечењето на астма, егзема, но и за подобрување на апетитот кај децата и рековалесцентите. Малината ја подобрува крвната слика, ја регулира работата на цревата и ги слирува болките во желудникот, а го спречува и повраќањето. Многу е корисна и за брзо трезнење!
Од плодовите на малината се прави одличен сируп што е доста корисен за лечење на сите болести во кои се појавува треска. Од листовите и корените се прави чај, како и од суви плодови на малина, кои се користат при воспалено грло, за појачување на срцето, хемороиди, лишаи, воспаленија и други алергиски реакци.
Секако, како и од други овошни плодови, и од малината се прават сокови, сирупи, компоти и слатко, за нејзините лековити својства да бидат на дофат и зиме. Важно е да се напомне дека само свежа малина се препорачува за тешки заболувања на бубрезите и гихт. Чај од листот од малина го подобрува женскиот репродуктивен систем и ги зајакнува ѕидовите на матката.
„Современо Земјоделство“