Шеќернoто лоби со поткуп го минимизираат ризикот од шеќер врз здравјето

Вести

Истражувачите, поддржани од шеќерната индустрија, ги посочиле прехранбените масти како главна причина за коронарна болест на срцето, наместо шеќерот. Иако извештајот е повеќе од 50 години, неговиот пример ја покажува битката која се води во прехранбената индустрија, обидувајќи се да се спротивстави на негативните ефекти од прекумерниот шеќер, посочува весникот.

0277225001446492678_562500_292x224

Откритијата доаѓаат врз основа на документи, кои неодамна се откриени од научник на Универзитетот во Сан Франциско, според кој меѓународната Шеќерна асоцијација позната тогаш како Фондацијата за истражување на шеќерот (ФИЗ) платила на експерти во 1967 година да направат преглед на медицинската литература на тема улогата на шеќерот кај срцевите болести. ФИЗ го извршила истражувањето, кое подоцна било објавено во англиски медицински журнал, кој тогаш немал поднесено барање за конфликт на интереси при составувањето на студиите.

Тројцата научници од Харвард кои ја извршиле анализата, добиле суми еквивалентни на сегашните 50 000 долари од својата работа за ФИЗ. Според коментар на Марион Нестле објавен заедно со откритијата за фалсификуваната студија, прехранбената индустрија продолжува да влијае врз науките за јадење.

“Денес е речиси невозможно да го следиме опсегот на тоа кои хранливи компании спонзорираат студии – од производителите на процесуирана храна, пијалоци и адитиви до производителите на млечни производи, месо, овошје и ореви, и обично се дава пат на резултатите во полза на интересите на спонзорот “, посочува Нестле.

“Спонзорството на прехранбените компании, намерно или манипулативно, ја поткопува довербата на јавноста во науките за јадење, кои придонесуваат за забуна на јавноста за тоа што да јадат”, додаде таа. Во соопштението Шеќерната асоцијација посочи дека ФИЗ требало да овозможи поголема транспарентност при изготвувањето на своето истражување, но исто така ги обвини авторите на новите откритија во потрага по сензационост. “Потресна е зголемената употреба на примамливи статии кои фабрикуваат квалитетни истражувања”, посочуваат од организацијата.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *