Штетите врз преспанските јаболка се од 70 до 80 отсто

Вести

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и локалните власти вчера излегоа на терен во увид на штетите врз земјоделските посеви од невремето во преспанскиот регион.

Преспанскиот регион е дури шест пати опфатен од невреме од месец мај до денес. Токму затоа Комисијата за проценка на штети е веќе формирана и активна. Според првичните информации поројниот дожд и град во регионот предизвикал најголеми штети во село Јанковец, Ресен, делови од селата Златари и Сопотско.

комисија веќе е излезена на терен и врши проценка на штетите предизвикани од невремето, а првите прецизни проценките на оштетените јаболки ќе можат точно да се соопштат следната недела. Сепак, според првичните проценки штетите врз насадите се од 70 до 80 отсто.

Штети од невремето се забележани и во прилепскиот регион, поточно во Големо и Мало Коњари. Општината Прилеп и таму формираше Комисија за проценки на штети, која ќе биде задолжена за проценка на материјалните штети на објекти и приватни имоти, по што ќе следува постапка за обештетување.

Инаку Владата на Република Македонија работи на усогласување на Законот за земјоделство и рурален развој и Законот за заштита и спасување, за да се унифицира постапката и да не се формираат повеќе комисии, со цел да се забрзат постапките и да се пратат до владината комисија, која што ќе ја преземе целокупната работа во делот на обесштетувањето.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *