Прогласена природна непогода во Могила

Вести

Општина Могила веќе прогласи природна непогода во шест села погодени од лошото невреме со врнежи од град, што предизвика големи штети кај тутунот, пченицата, пченката и други земјоделски производи. Претседателот на Советот Александар Јанкуловски, изјави дека во четири села од пред две недели е прогласена природна непогода, а на денешната седница на Совет на списокот ќе бидат додадени уште две села или вкупно шест.

Природна непогода веќе е прогласена во Могила и Радобор, а од денес и во Долно Српци, Ивањевци, Беранци и Вашарејца.

„Општинска комисија ќе направи проценка на штетите, но за обесштетување ќе биде потребно да помогне државата“, рече Јанкуловски.

Најголем дел од земјоделците не ги имаа осигурано земјоделските површини. Дел од немање навика да го прават тоа, а други кажуваат дека дел од осигурителните компании дваесетина дена не им ги осигурувале посевите зашто имало многу пријави за штети од град во Ресенско.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *