Системи на обработка на почвата за пролетна сеидба

Вести Градинарство Полјоделство Совети

После жетвата на раните предкултури до сеидбата на пролетните култури изминуваат околу 8 месеци. Во овој случај системот на обработка се состои од две временски одвоени фази:
– заорување и основна обработка во лето и есен,
– површинска обработка и предсеидбена припрема во пролет.

Заорувањето представува плитка обработка на почвата после жетвата на ранските преткултури во летото, со цел да се создаде плиток растресит слој. Такви предкултури се фуражните смески, стрните жита, маслодајната репа, грашокот и др.

Основните цели на заорувањето се: заорување на жетвените остатоци и плевелите, нивно мешање со почвата
и овозможување на нивно разлагање, подобрување на водниот режим на почвата ( намалување на испарувањето ) и подобро впивање на водата од дождовите, поттикнување на микробиолошката активност во
почвата, полесно и квалитетно извршување на основната обработка. Заорувањето треба да се изврши непосредно после жетвата, бидејќи во време на жетвата почвата содржи извесна количина на влага,
што овозможува квалитетно извршување на оваа операција. Длабочината на заорувањето зависи од количината на жетвените остатоци, типот и влажноста на почвата. На сува почва со лош квалитет и поголема количина жетвени остатоци, заорувањето треба да се изврши на поголема длабочина односно од 10 до
15 см. Потоа во есен следи основната обработка, до колку има потреба се врши и груба припрема ( рамнење или тањирање ) а во пролет површинската и предсеидбената обработка.

 


Основната обработка после доцните предкултури ( пченка, сончоглед и др. ) од организациони причини најчесто се извршува доцна во есен, после сеидба на посеви. Порано вака изораната површина до пролет се оставала во „груби бразди“. Меѓутоа, особено после неквалитетната основна обработка
има потреба за груба припрема на површинскиот слој. Ова најчесто се врши со равњачи или со тешки
тањирачи. Негата на основната обработка особено е важна за тешките глинести почви, бидејќи
во пролет овозможува извршување на површинската обработка во што помалку наврати.

Во пролет се врши површинска и предсеидбена обработка. Обработката на почвата за пролетна сеидба во пролет се состои од површинска и предсеидбена припрема за култури. Почвата обично содржи голема количина на вода што го намалува загревањето на почвата и ја зголемува осетливоста на газење и набивање. Треба да се има вопредвид дека со извршувањето на одредени мерки на обработка почвата се набива и се намалува вкупната порозност.

Од тие причини површинската обработка треба да се изврши со што помалку наврати. До колку основната обработка била квалитетно извршена и ако површината е рамна, предсеидбената припрема може да се изврши во еден до два наврати. Длабочината на оваа припрема треба да се прилагоди спрема длабината за одредени култури. Предлабоката површинска припрема доведува до непотребно губење на влагата од почвата и до неизедначено никнење. Треба да се избегнува употребата на тешки тањирачи во пролет бидејќи доведува до непотребно газење и големи губитоци на влагата од почвата. Многу е важно пролетната припрема да се врши на веќе просушена почва т.е при поволна физичка зрелост на почвата за обработка. Прераната обработка доведува до набивање и расипување на физичките особини, додека со
задоцнетата припрема се зголемуваат губитоците на влагата.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *