Собранието ги усвои измените на Законот за тутун, рокот за откуп на оваа реколта се пролонгира до 31 март

Вести

На денешната собраниска седница, Собранието на РСМ ги усвои измените на Законот за тутун, со кој рокот за откуп на тутунот од оваа реколта се пролонгира до 31. март.

Со ваквата измена, се излезе во пресрет на барањата на тутунопроизводителите и се овозможи дополнителен период за откуп на вишокот на тутун.

Во наредните денови, ќе биде утврдена методологијата и интензитетот на откуп, со којшто ќе биде овозможено успешно завршување на реколтата 2020.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *