СООБРАЌАЈОТ УМЕРЕН, НЕМА ПОДОЛГИ ЗАДРЖУВАЊА НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ

Вести

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини се одвива нормално . На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *