Блерим Бесими со признание за „Најуспешен производител на квалитетни јаболка во Преспанскиот регион“

Вести Интервју Овоштарство

Блерим Бесими од Ресен е успешен млад земјоделец. Тој минатата година доби признание од Здружението за земјоделци „Современо Земјоделство“ како „Најуспешен производител на квалитетни јаболка во Преспанскиот регион“. Изборот воопшто не беше тежок затоа што Блерим е долгогодишен член во ЗЗ „Современо Земјоделство“ а ние ги следиме постојано сите негови активности кои заслужуваат да добијат едно вакво големо признание.

  1. Вие сте земјоделец со големо минато во земјоделската област. Што паметите од своите детски години?

-Моето детство ми помина со фамилијата во постојани фамилијарни активности околу земјоделството. Бев многу мал кога се роди љубовта кон оваа професија, изнаев дека што и да бидам во животот, какво образование да стекнам, земјоделството ќе ми остане прво. Ние се занимаваме со производство на јаболка долги години. Имало падови имало успеси, но се тоа ни даваше поттик да продолжиме напред.

  1. Земјоделството – односно добрите приходи кои ги имавте низ годините во Вашата фамилија го исплатија и Вашето високо образование…

-Така е. Јас сум магистер од областа на дипломатијата. Некако многу добро го поврзувам и со производството што го имам, затоа што за да се биде добар земјдоделец пред се треба да се биде и добар менаџер, добар дипломат. Се надевам дека ќе имам работа односно функција според моето образование и на тој начин ќе им помогнам намоите сограѓани, на сите јаболкопроизводители кои секоја година имаат нова борба за производство, за пласман, борба со климатските промени. Сакам да дадам личен придонес во сето тоа, затоа што сите работи ги пзонавам одлично искуство. Сметам дека токму така најдобро се помага на другите. Имам сериозен пристап кон земјоделството, кое неколу години завзема нагорна лнија и знам дека може да биде уште подобро…

  1. Што во моментов одгледувате и на која површина?

-Работам над 3 хектари јаболка, ајдаред, муцо, грени смит, гала, пинк лејди, фуџи, јанаголд и секако црвен и златен делишес. На 5000 м2 одгледувам модра слива – Стенли. Најавена е изградба на откупни центри на повеќе локации, меѓу кои и Ресен. Тоа ми дава поттик да го зголемам производството не само на јаболката кои ќе можам да ги складирам и да чекам подобра цена, туку да се насочам и кон лешник, орев, малини…

  1. Бевте дел и од кампањата „Не гледај во небото, осигури се“ а тоа значи дека редовно го осигурувате Вашиот род. Кои се Вашите искуства?

-Ние во Ресен, доста често сме погодени од пролетен мраз. Токму тоа се одразува врз приносот па и врз квалитетот. Со ново воведеното авионско засејување на облаците барем се спасивме од градот, и тука имам големи пофалби.  Секако дека осигураме, ние сме фамилија која егзистира од овоштарство пред се, и не смееме да дозволиме да гледаме во небото и да се молиме да нема невреме.  Сигурноста што ја имаме со осигурувањето ни е мотив плус за борба и проширување во овој сектор. Тоа што МЗШВ помага односно исплаќа 60% од полисата не е за подценување и сметам дека секој еден земјоделец без разлика што одгледува треба да се осигура. Осигурувањето е нашата иднина.

  1. Од ЗЗ „Современо Земјоделство“ добивте признание како „Најуспешен производител на квалитетни јаболка во Преспанскиот регион

-Ова признание посебно ми значи, затоа што кога толку многу се трудиш и работиш и кога некој ќе те повика да ти каже дека признанието е твое, чувството е неопишливо. Вакви признанија добивал и мојот татко и мојот дедо, и среќен сум што го продолжувам ланецот на успеси.

Имам голма соработка со Современо Земјоделство, јас сум и член во здруженито и сметам дека само со здружување може да постигнеме повеќе. Здруженито е мост меѓу нас земјоделците и институциите и кога тоа е водено од стручни кадри како Вашето, тогаш успехот е неминовен.

  1. Каде имате обезбедено пласман?

-Пласманот беше голем проблем низ годините. Но на ова прашање сега, можам само да се пофалам дека ние јаболкопроизводителите од Ресен се изборивме и обезбедивме пласман во многи европски земји. Конкретно јас на 13 август обезбедив односно пласирав јаболка во Норвешка. Имаме пласман и во Романија, Босна, Бугарија, Косово, Русија. Стоиме на располагање на сите оние кои скааат да се вклучат, да им дадеме поддршка, совет, да ги насочиме. Сам, воопшто не е лесно.

  1. Што очекувате од новиот министер за земјоделство?

-Последните години со МЗШВ имаме одлична соработка. Би кажал, млад кадар кој што има сериозност во решавање на проблемите на земјоделците и унапредување на целокупниот земјоделски сектор. Наша препорака е да се ангажира на уште поголема соработка, со нас но и со развиени земји низ светот за да можеме полесно да пласираме финални производи. Воедно наша молба е да се ангажира и околу веќе започнатиот проект за откупно дистрибутивен центар во Ресен и во другите градови во кои е предвидено да се гради. Да се зајакне соработката меѓу сите земјоделци и МЗШВ во секоја област од овој значаен сектор.

Очекувам максимална поддршка, подкрепа, целосна организација, вклученост од нас, ние да му помагаме него а тој нас.

Она што е позитивно да се каже е и постојаната поддршка од Градоначалникот Живко Гошаревски, кој не следи, ни помага, се бори заедно со нас, и со заеднички сили одиме по правиот пат.

  1. Кои се Вашите совети за сите земјоделци но и за оние кои сакаат да започнат да се занимаваат со оваа гранка?

-Земјоделскиот сектор е клучниот сектор во едно општество. Од него се почнува и со него завршува. Дури и Ковид-19 уште повеќе ни помогна на сите да сфатиме кои се приоритетите во една држава – храната. Кои се хероите – земјоделците. Ги советувам да се занимаваат со земјоделство, да не се откажуваат, патот не е лесен но како се вели „До ѕвездите низ трњата се стигнува“.

М-р Билјана Петровиќ

ЗЗ Современо Земјоделство

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *