Соопштенија ИПАРД 2014-2020

Вести

 

Почитувани,
Во вторник започнува последната недела од серијата на инфо денови организирани од страна на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Нивните претставници во рамките на Кампањата за Публицитет на ИПАРД 2014-2020 на веќе одржените 14 инфо денови ги информираа граѓаните и заинтересираните за можностите за искористување на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020. Изминатите инфо денови се реализира во октомври покривајќи голем дел од државата, од Сопиште до Дојран и од Петровец до Вевчани, на 14 различни локации.Тие ќе продолжат на уште 6 места оваа недела каде ќе ги претстават мерка 3 „Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи“ и мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Воедно, нивниот клучен фокус е мерка 7 затоа што сѐ уште има отворен повик, поточно Повикот број 01/2019 кој трае до 18-ти ноември 2019. Работата на вклучените институции и самиот интерес се големи и затоа искористеноста од ИПАРД Фондовите е до 70%.

Последната недела на инфо денови фокусирани на овие два повика ќе се реализира согласно следниот распоред:
– 5. ноември 2019 (вторник) во Виница во 11.00 часот во Сала при Општина Виница
– 5. ноември 2019 (вторник) во Делчево  во 15.00 часот во просториите на Општина Делчево
– 6. ноември 2019 (среда) во Сарај во 10.00 часот во просториите во Општина Сарај
– 6. ноември 2019 (среда) во Брвеница во 14.00 часот во просториите на Општина Брвеница
– 7. ноември 2019 (четврток) во Крушево во 11.00 часот во Дом на културата “Наум Наумовски – Борче”
– 8. ноември 2019 (петок) во Кратово во 11.00 часот во  Дом на култура “Лазар Софијанов”

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *