Бабовски: Исплатени близу 138 милиони денари за субвенции за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети

Вести

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 2.944 субјекти, исплати близу 138 милиони денари за градинасрки култури, предадени во преаботувачки капацитети. Станува збор за исплата на средствата од мерката 1.7, односно, исплатени се субвенциите од дополнителната мерка за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети.

Средствата за оваа намена, се исплаќаат  на земјоделците во време кога е во полн ек подготовката и почетокот на есенската сеидба на градинарски култури за новата реколта.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, пред неколку дена исплати и 195 милиони денари за предадено млеко и за оризова арпа. Од вкупната сума 153,4 милиони денари легнаа на сметките на млекопроизводителите и 41,4 милиони денари на сметките на 1.130 оризопроизводители, за дополнителната субвенција од 5 денари за предадена оризова арпа, која се донесе поради нарушениот баланс помеѓу понудата и побарувачката и многу ниската откупна цена. Со оваа, нова дополнителна субвенција се поттикна договорениот откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и во наредниот период продолжува со неселективната исплата на средствата за субвенции. Во еден ден, за сите кои исполнуваат услови за добивање на финансиска поддршка се исплаќаат средствата за субвенции.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *