Зимската резидба треба да се извршува на Т= над 6 С и кај стеблестите и жбунестите типови и треба да бидат изрежани на иста висина.
Освен зимска резидба има уште има 2 летни резидби кон крајот на месец Мај и почетокот на месец Јули.
При резидба на лешникот теба да се обрне внимание на цветните папки кои се формираат на периферијата и врвовите од крошната, бидејки тие се најосветлени делови и од таа причина неопходно е да се изврши проредување на крошната, а посебно внимание да се посвети на внатрешниот дел.
Со редовна и умерена резидба се постигнува подобро оплодување, поголем принос и квалитет на плодовите.
Лешникот е јаткасто овошје кој има најдолг временски период на цветање.
На есен се појавуваат машки цветови т.н – реси, а во февруари – март, женските цветови.
Освен резидба по паѓањето на листот треба да се изврши корекција во фаза на цветање на женските цветови бидејки тогаш може да се воочи кои гранки се родни.
Целта на редовната резидба во периодот на експлоатација е да се воспостави рамнотежа мегу прирастот на дрвото и родноста на крошната како би се формирале поголем број на женски цветови.
Резидбата на родни гранки се состои од постепено проредување на густите стебла и отстранување на сувите гранки во тек на мирување на вегетацијата.
Со оваа Агротехничка мерка треба да се обезбеди задоволителен број и доволна должина на едногодишните изданоци бидејки тие носат плод.
Автор: Иван Стојанов за Современо Земјоделство