Ако некој сака да изврши резидба мора да внимава на временскиот период, и да нема дожд.
Битно е да се остават доволно родни гранки, а да се одстранат водопиите и сите штетни гранки за да не земаат храна и енергија од стеблото.
Половина од работата ја извршуваат ножичките кои треба да се подготват.
Се одстрануваат гранките кои имаат премногу родни папки.
По садењето на овошките повеќето од нив растат во висина и стануваат неугледни грмушки. Успех за добар принос по стебло е да бидат режени редовно и правилно.
Ова се применува скоро кај сите овошни видови, пред крај на зимата, пред да започне движењето на соковите, кога нема листови по гранките.
Има три фази ЧИСТЕЊЕ, ПРОРЕДУВАЊЕ И ФРИЗИРАЊЕ.
Автор: Иван Стојанов за Современо Земјоделство