Агро-метео: До среда сончево и топло, од четврток пресврт на времето

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти меѓу 6 и 15, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб претежно северен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 33 степени.

Share
Прочитај повеќе

Агро-метео: Не очекува долг и екстремно топол бран

Поради зголемената влажност во воздухот особено навечер и наутро очекуваме и позначителна спарина и мачнина. Времето за време на овој бран ќе биде претежно стабилно, суво и сончево без врнежи, повремено со умерена локална облачност.

Share
Прочитај повеќе

Агро – метео: Во недела опасност од невреме и можност за врнежи од град

Атмосферата ќе биде многу исполнета со енергија па така локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог кое може да доведе до поплавувања, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град кој има услови да биде и од поголема величина (покрупен).

Share
Прочитај повеќе

Агро Метео: Следува период на променливо облачно време

Следува период на променливо облачно време, на места со повремени врнежи од дожд, а дневните температури ќе бидат во благо опаѓање. Кон крајот на оваа и почетокот на идната седмица локално ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Share
Прочитај повеќе

Агро метео: Променливо облачно и ветровито

Променливо облачно и ветровито со услови за слаб локален дожд, а на повисоките планини ќе има услови со слаб локален снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

Share
Прочитај повеќе

Агро Метео: Облачно со повремени врнежи од дожд и снег

Утре нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов студен и влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови, а заради заладувањето и во некои пониски места ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20см.

Share
Прочитај повеќе

Агро – Метео: Обилни врнежи од дожд

Цела недела метеоролозите најавуваат дожд а на повисоките места снег.
Дождот на места ќе биде пообилен а повремено ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.

Share
Прочитај повеќе

Агро Метео: Денеска ќе престанат снежните врнежи

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека снежните врнежи ќе престанат речиси во целата земја веќе денеска претпладне. Времето ќе биде облачно, но ќе се појавуваат и сончеви периоди, особено во североисточните делови, а ќе дува и умерен северозападен ветер. Од понеделник, информираат од УХМР, повторно ќе заврне снег, но со многу помал интензитет. Ќе се покачат и минималните температури, но сепак ќе останат негативни.

Share
Прочитај повеќе

Агро Метео: Следуваат нови врнежи од снег, температурите до -18 степени

Под влијание на влажен и студен бран, и утре и задутре претпладне ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Потоа следува период на стабилно и суво време повторно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.

Share
Прочитај повеќе

Агро – Метео: Денеска сончево, од утре снег

Утре попладне и в петок ќе има повремени врнежи претежно од снег, а наместа ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд на пониските места, а на планините со повремен снег.

Share
Прочитај повеќе