Николовска: Отвараме пат за нови инвестиции и бизнис можности во земјоделството

-За почеток разговаравме за проширување на бизнисот во Македонија со дистрибуција на готови садници за кои македонските земјоделци ќе се уверат во квалитетот за потоа да започнат и со производство на саден материјал и во Македонија. Забелешката на Браниотис Костас во текот на нашиот разговор беше мотивирачка за нас – „Мал пазар сте но предизвик што ќе учествуваме во развојот на вашиот аграр“, – истакна Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Проект за оценка на влијание на субвенциите и ИПА поддршката во земјоделскиот сектор

Експертите препорачуваат да се поедностават процедурите за апликација за да не се пролонгираат роковите и субвенциите да се плаќаат на време за да се искористат за реинвестиции на фармите, да се размислува за поддршка на малите земјоделци со површини под еден хектар на кои отпаѓаат речиси 60 отсто од вкупниот број во државата и да се поттикне производството согласно барањата на пазарот.

Share
Прочитај повеќе

ФАО ќе и помага на Македонија за отворањето на поглавјата од областа на земјоделството

Генералниот директор Хозе Грациано да Силва изрази силно уверување дека ФАО ќе се вклучи активно и ќе ги ангажира сите свои капацитети како главен партнер на МЗШВ при отпочнување на преговорите со Европската унија и отворање на поглавјата за земјоделство, рурален развој и безбедност на храна.
Воедно, генералниот директор ја презентираше финансиската рамка за Зелениот климатски фонд чија вредност е 250 милиони евра.

Share
Прочитај повеќе

Конференција „Менаџирање и искористување на ЕУ фондовите за земјоделство“

Бизнис конференција на тема „Менаџирање и искористување на ЕУ фондовите за земјоделие – Претставување на бизнис моделот на Платежната агенција на Република Словенија“ организираат денеска Агенцијата за земјоделие и рурален развој на Република Словенија, во соработка со словенечката Амбасада и Стопанската комора на Македонија.

Share
Прочитај повеќе

ЕУ дава 2 милиони евра за постојните и за создавање нови земјоделски задруги

Целта е со 20 нови грантови да се поттикнат земјоделците кои сакаат да формираат нови задруги и да учествуваат во проектни и обуки за развој на на бизнис планови.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Со окрупнување на земјоделското земјиште до создавање на конкурентно и модерно земјоделско производство

„Со окрупнување на земјоделското земјиште ќе се овозможи секое стопанство да поседува поголема парцела, со правилна форма, а клучни придобивки се: намалување на трошоците за обработка, зголемување на приходот и профитабилноста по хектар, употреба на модерна  механизација и технологии, како и одржливо управување со природните ресурси. Со окрупнување на земјоделското земјиште ќе се овозможи секое земјоделско стопанство да поседува земјиште на поголема парцела, со правилна форма, наспроти мали парцели на различни локации“, порача министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Во Холандија најголемата просечна цена на хектар обработливо земјиште во ЕУ

Како што наведува Евростат, Холандија бележи најголема просечна цена на обработлива површина во ЕУ на национално ниво. Таа во 2016 изнесуваше 62.72 евра по хектар што е за 1.572 евра повеќе отколку во 2015 и дури 12.171 евра повеќе од 2011.

Share
Прочитај повеќе

Состанок за тековните проекти од ИПА во земјоделството

Министерот Љупчо Николовски, одржа редовен состанок со Никола Бертолини, претставници од Делегацијата на ЕУ, како и директорите на АФПЗРР, Николче Бабовски и АХВ, Зоран Атанасов, на кој се дискутираше за тековните проекти од ИПА програмата во секторот земјоделство.

Share
Прочитај повеќе

Нов проект на МЗШВ “Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства“

Од денеска започнува имплементацијата на твининг проектот „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства“ ФАДН, во вредност од 800.000 евра.

Share
Прочитај повеќе

Консолидацијата на земјоделско земјиште продолжува на 12 нови локации

По пристигнатите 40 изјави за интерес за проекти за консолидација на земјоделско земјиште, поднесени од различни локални заедници во декември лани, и направената евалуација се избрани заедниците: Стојаково во Општина Богданци;  Логоварди, Трн, Оптичари и Жабени во Општина Битола; Лешани во Општина Дебарца; Чешиново, Соколарци, Спанчево и Чифлик во Општина Чешиново-Облешево; Царев Двор во Општина Ресен; и Моноспитово во Општина Струмица.

Share
Прочитај повеќе