Три земји го држат речиси целиот извоз на пенливи вина од ЕУ

Доминира извозот од три земји-членки на ЕУ – Италија, Франција и Шпанија, кои заедно имаа удел од 91%. Извозот на пенливи вина на Италија минатата година изнесувал 367 милиони литри, или 45% од вкупниот извоз на Унијата. Франција извезе 184 милиони литри, или 23%, а Шпанија – 183 милиони литри, или околу 23%.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Македонија има силна поддршка за развој на ИПА фондовите и приближување кон новата заедничка земјоделска политика на ЕУ

-Тасос Ханиотис и Колин Волфи од Европската Комисија, кои беа дел од 12-от годишен работен состанок на министрите и шефовите на делегациите од Југоисточна Европа, ни потврдија дека Македонија има силна поддршка за развој на ИПА фондовите и приближување кон новата заедничка земјоделска политика на ЕУ. Со нив разговаравме за отворање на поглавјата „Земјоделство и рурален развој, Фитоветеринарни политики и безбедност на храна и Рибарството“ во следниот период, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Германија е стратешки партнер за извоз на македонските земјоделски производи

-Ние сме одлучни во нашиот план за евроинтеграции, немаме друга шанска и затоа убедени сме дека ќе успееме. Сојузна Република Германија, ни дава голема поддршка за капитални инвестиции и очекувам успешна соработка со нашите пријатели во иднина. Тие се наш стратешки партнер за извоз, токму затоа инвестираме во промоција на македонските производи таму, -истакна Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Иднината на македонскиот аграр е во нови технологии и сигурен европски пласман

Иднината на македонскиот аграр е во нови технологии, однапред договорен пласман и окрупнување на земјоделските површини. Македонските земјоделци бараат зголемување на субвенциите како во Европската унија, каде 67 проценти од буџетот се насочува за развој на земјоделството.

Share
Прочитај повеќе

Трајче Андонов: Пласманот на земјоделските производи е многу полесен за земјите членки на ЕУ

Македонскиот бизнисмен Трајче Андонов повеќе од триесет години стопанисува во Република Словенија. Неговата дејност е трговија со земјоделски производи. Тој најдобро може да посведочи за разликата во работењето и успехот на неговиот бизнис во годините кога Словенија не беше дел од Европската Унија  и сега, како земја членка на ЕУ.

Share
Прочитај повеќе

Бугарските земјоделци годишно имаат 1 милијарда евра за развој на аграрот

– „Македонски земјоделци вам ви е потребна ЕУ, фондовите и сигурноста која ја нуди. Бугарија е најдобриот пример во регионот какви придобивки носи членството во европското семејство. Само лани за аграрот имавме 1 милијарда и 600 милиони евра, 150 од домашен буџет, сите останати од ЕУ“, рече Порожанов.

Share
Прочитај повеќе

Отпочнување на градежните активности на системот за наводнување во Равен – Речица

„Ќе овозможиме овој регион да нема проблеми со производството на надалеку познатите тетовски грав и пченка, но и успешни реколти на други култури кои се садат во овој регион. Во овој период кога како Влада сме силно фокусирани на забрзување на евроинтеграцискиот процес, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, посветено работи на усогласување на нашето земјоделство со европските регулативи, рече министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Хрватското искуство за повлекување на средства од ЕУ фондовите драгоцено за Македонија

„По влезот на Хрватска во ЕУ, за десет пати се зголеми финансиската поддршка во земјоделството. Досега искористивме 2 милијарди и 400 милиони евра од Европските фондови наменети за агро – секторот. Годишно хрватските земјоделци имаат на располагање 800 милиони евра субвенции.“ – рече директорката на Платежната Агенција на Хрватска, Матилда Цопиќ. 

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Словенија е наш важен трговски партнер, работиме на зголемување на трговската размена

Од ден во ден сме поблиску до Европската Унија, и до прилагодување кон заедничката европска политика во однос на законската легислатива и мерките кои што ќе значат поддршка на руралниот развој, а особено на младите фармери. Членството на Македонија во ЕУ ќе значи, отворање на пазар од 500 милиони жители, силна финансиска поддршка за македонските земјоделци и  големи капитални инвестиции во македонскиот аграр“, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Кузмановска: Со членство во ЕУ се зголемуваат фондовите за македонските земјоделци

– Олеснетиот извоз ќе значи подобар пласман на македонските земјоделски производи во странство. Со зголемување на извозот ќе има повисока откупна цена на нашите земјоделски производи. Земјоделците кои што макотрпно и вредно работата знаат што значи тоа. Секој земјоделец ќе има поголем приход по влезот на Македонија во Европската унија, рече пратеничката Кузмановска.

Share
Прочитај повеќе