МЗШВ: Се укинува забраната за увоз на коскесто овошје од Република Северна Македонија во Руската Федерација

Официјално се укинува забраната од Русија за увоз на македонското коскесто овошје. Македонската цреша, сливите, праските и сличното овошје повторно ќе може да се најде на пазарот во најголемата држава во светот.

Share
Прочитај повеќе

Во Чешка се забранува фрлањето храна

Трговските ланци во Чешка повеќе не ќе можат да ги фрлаат намрниците на кои им истекува рокот на траење, што сега веќе се забранува со закон. Смрзнатите производи, овошјето и зеленчукот, како и други употребливи намирници, ќе се донираат во банката за храна и во хуманитарни организации, каде понатаму ќе се проследуваат до најсиромашните слоеви граѓани. Според Вера Дусова, од Прашката банка за храна, со донесувањето на овој закон, оваа организација ќе добива многу поголема количина но и многу поразновидна храна. Но, сепак, овој закон создава и дополнителни обврски, бидејќи храната мора да помине низ дополнителни проверки во поглед на квалитетот и исправноста, пред дефинитивно да заврши како помош за оние на кои им е потребна.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Се укинува забраната за движење во шуми и шумски подрачја

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на  Јавното претпријатие “Национални Шуми” ја укинува забраната за движење во шуми донесена на 29.03.2019 година.

Share
Прочитај повеќе

Поради појавата на шумски пожари од вчера се воведе забрана за движење во шума и шумско земјиште

За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се
затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 Законотза шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Share
Прочитај повеќе

Согласно Законот за ловство, забрането е палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиште

Глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако пали стрниште, плевел или други растителни отпадоци во ловиште.

Share
Прочитај повеќе

Воведена забрана за увоз на овци, кози и нивно млеко и месо од Бугарија

Со цел спречување на внесување, навремено забележување и пријавување на болеста „чума“ кај овци и кози која од 22 јуни годинава е потврдена и во соседна Бугарија, а е присутна и во Турција, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе Решение за забрана за увоз и транзит од Бугарија на живи домашни и диви мали преживари, нивно семе, јајце клетки и емброни, месо, производи и преработки од месо, млеко и производи од млеко, како и нуспроизводи.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Се забранува вршење на риболов во периодот на природен мрест на рибите

Забраната за вршење риболов во одделни риболовни води и видови риби се донесува заради овозможување на непречен природен мрест на рибите, а врз основа на доставениот предлог за забрана на риболов од Македонската риболовна федерација, на барање на концесионерите на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони.

Share
Прочитај повеќе

Засилени инспекциски контроли на ѓубривата кои се продаваат во Македонија

97-те решенија се однесуваат за забрана за пуштање во промет на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својства на почвата, заради отстапување од декларираните количини на хранливи материи за растенијата, најчество на азот, калиум и фосфор.

Share
Прочитај повеќе